Ве известуваме дека на 24.12.2020 година Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот Агролод АД Ресен на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Агроплод АД Ресен на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што на Собранието на акционери на друштвото кое се одржа на 10.12.2020 година се донесе одлука за трансформација на друштвото во ДООЕЛ и се очекува нејзино спроведување, а со тоа престанување на тргување со акциите издадени од Агроплод АД Ресен на Берзата и исклучување од котација на истите.